Превод на поетска книга од Ненад Шапоња „Постои ли допир на твојата душа“

„Македоника литера“ ја објави поетската книга „Постои ли допир на твојата душа“ на српскиот поет Ненад Шапоња, која содржи 49 песни и поеми. Дел од нив се веќе објавени во негови книги, а на крајот има и есеј во кој авторот го објаснува поетичкиот дискурс во својата лирика.
 
 
Ненад Шапоња (1964, Нови Сад) е поет, есеист и критичар, чии стихови се препознатливи во современата српска поезија по стилската перфекција, херменевтичност и метафизички увиди.
 
 
Покрај поезија и критика, пишува и куси раскази и патописна проза. Приредил и неколку антологии од кои најзначајна е „Просветина книга на крими раскази“ (2002). Поезијата му е преведувана на англиски, шпански, италијански, полски и романски јазик. Во 2012 година ја основал „Агора“ која денес е меѓу најреномираните српски издавачки куќи.
 
 
-Во областа на книжевната критика промовира постмодерна поетика и идеосинкретичен императивен пристап спрема книжевните дела, што подразбира живеење во книжевноста. Десетина години пишуваше критика за „Политика“. Неговата прва збирка поезија „Ѓаконда“ од1990 година доби Бранкова награда, тогаш најзначајната југословенска награда за млади поети, соопшти „Македоника литера“ за поетската книга на Шапоња, која од српски на македонски јазик ја преведе Нове Цветаноски. 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.