Зголемен број читатели во велешката библиотека „Гоце Делчев"

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев" во Велес лани имало вкупно  4.339 читатели, од кои 2.413 возрасни и 1.926 деца. Тоа е повеќе за 202 читатели, споредено со 2017 година, кога имало вкупно 4.137 читатели.

 

Директорот на библиотеката Игор Крајчев за МИА информира дека лани набавиле 2.266 книги во одделот за возрасни и 287 книги во одделот за деца и тоа најголем дел лектири.

 

– Велешката читателска публика е мошне пребирлива и знае што бара, па затоа ние најчесто при набавката на нови книги се ориентираме според нивните побарувања  и интереси. Тие се главно за  најнови светски бетселери и трилери, преведени на македонски јазик  од нашите издавачки куќи, појасни Крајчев.

 

Велешката библиотека има фонд од 100 илјади книги, меѓу кои и 200 стари и ретки книги од кои најстарата е од 1773 година. Велешката библиотека била првоотворена во земјава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.