Почнува трката за „Златна палма" во Кан

Организаторите на годинешниот 72. Меѓународен филмски фестивал во Кан денеска ќе ги соопштат филмовите кои ќе се натпреваруваат за „Златна палма". Овојпат, претседател на жирито ќе биде мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Ињариту.

 

Фестивалот годинава ќе ѝ оддаде почит на неодамна почината режисерка Агнес Варди, со нејзиниот лик на главниот плакат за настанот.

 

Свеченоста ќе ја отвори филмот „The Dead Don’t Die” (Мртвите не умираат) на американскиот независен режисер Џим Џармуш, кој 1984 година ја доби „Златната палма" за остварувањето „Почудно од рајот”.

 

На фестивалот ќе биде прикажан и биографскиот филм за Елтон Џон – „Rocketman”.

 

Наградата лани ја доби филмот „Крадци” (Manbiki kazoku) на јапонскиот режисер Хироказу Кореда.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.