Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право во Струмица

Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележa денес во Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица. За значењето на овој ден говореше Тања Гошева, директорка на библиотеката.

 

На Светскиот ден на книгата и авторското право традиционално се упатува порака од УНЕСКО, но и од сите земји кои го одбележуваат овој ден. Годинава македонската порака ја напиша режисерот Милчо Манчевски. Неа, заедно со пораката од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле ја прочита Гонца Запрова Атанасова.

 

Професорката по македонски јазик Наташа Цоневска Лазаревска пред прусутните зборуваше за компарација на работата во градска и училишна библиотека.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.