Од 3 до 8 јуни 18. Оффест

 Катрин Финч од Велс која ја сметаат за кралица на харфата и најдобра харфистка на сериозната музика во светот и синегалскиот кора мајстор Секу Кеита в понеделник во МОБ ќе го отворат 18. „ОФФест", што ќе се одржува до осми јуни.

 

Директорот на „ОФФест" Оливер Белопета на денешната прес-конференција ја презентира програмата на фестивалот. Истата вечер првпат концерт во нашата држава ќе одржи македонскиот композитор, гитарист и пејач Крсте Роџевски кој повеќе од 20 години живее и работи во Њујорк, а своите почетоци ги бележи во 90-те години во Битола. Тој зад себе има три албуми, а последниот е оценет како еден од најдобрите. Во нашата држава доаѓа со една извонредна џез екипа.

 

Посетителите во вторник во киното „Фросина" ќе може да погледнат еден релативно нов документарен филм, „Mali Blues". Филмот, како што рече Белопета, ја прикажува сегашната состојба во Мали, од безбедносен и политички аспект и борбата на музичарите за слобода…Веднаш по документарецот во МКЦ, во Дансинг салата ќе настапи Басеку Кујате, кој еднаш има настапувано во Скопје. Тој е вистински мајстор и амбасадор на инструментот нгони, древен традиционален инструмент од Западна Африка.

 

В среда, на петти јуни во зградата на Операта и балетот ќе настапи африканската дива Фатумата Дијавара, која е интернационална ѕвезда. Нејзиниот концерт во голема мера ќе биде поп рок концерт на некој начин.

 

Следниот ден, во четврток во Дансинг салата во МКЦ концерт ќе има групата „Сондорго" од Унгарија. Белопета информира дека тие свират балканска и тамбурашка музика. Истата вечер концерт ќе има  Џамбо Агушеви оркестар, кои имаат многу широк репертоар што не е базиран само на македонската музика.

 

За седми јуни предвиден е проектот „Љубов и одмазда" (Love and Revenge) на либанскиот хип-хоп пионер Рејес Бек и визуелната уметница Ранда Мирза. Во проектот се користат египетските и арапски филмови од најславниот период на таа кинематографија, со многу електроника, танц… Истата вечер концерт ќе има и групата „Ромпарео" од Колумбија. За сабота е предвидена забава во клубот „Епицентар" по полноќ. Диџеј сет ќе има Грант Маршал познат под неговиот уметнички псевдоним Daddy G од Massive Attack.

 

Поддржувачи на фестивалот се Министерството за култура, Град Скопје, Унгарската амбасада и други





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.