Иницијатива за воведување куклен театар како училишен предмет

Театарот да биде воведен како предмет во училиштето е многу добра идеја зашто можеби на тој начин децата ќе се мотивираат повеќе да читаат книги.
 
Во моментов најмногу поради современата технологија, се помалку е присутна уметноста, литарерурата, театар и музика кај децата, изјави Марија Спиркоска-Илијоска, менаџер на прилепскиот Фестивал за деца „Силјан Штркот"  на јавна дебата во Скопје за воведување креативен предмет во основните и средните училишта во државата, за изучување на методите на светскиот и домашен куклен театар.

 

На дебатата што ја организираа Македонскиот центар на Интернационалниот театарски фестивал (ИТИ) во соработка Детскиот театарски центар, Спиркоска-Илијоска појасни дека темата е прекомплицирана затоа што немаме доволно вклучени луѓе кои би се занимавале со тоа.

 

– Треба најпрвин историски гледано да наведеме што претставуваат куклите во театарот, од кога потекнуваат, на кој начин се прави, затоа што има многу подгрупи на куклен тетар. Не е тоа едноставна тема на разговор, но сепак мислам дека театарот како култура на однесување, како начин на функционирање е и еден вид на образованието за децата.  Намалување на материјата во образовниот процес е добра идеја, децата ќе учат за марионети и кукли или со прсти како да направат некој вид кукли и на тој начин да им се доближи театарот или да се олесни материјата којашто сега е многу комплицирана и обемна, додаде Спиркоска-Илијоска.

 

Кириол Василев, куклар од Театарот за деца и младинци во Скопје, речеи дека најдобро би било театарот да се воведе како предмет на вајарство на ликовна академија.

 

– Мислам дека најдобро театарот да е предмет на вајарство или на ликовна академија, да е само факултативен. Наставниците по ликовно ќе треба да имаат колку толку знаење и искуство и да ги поттикнат студентите од ликовна академија да работат во театар, зашто тие сега не размислуваат премногу дека може утре да работат на театар. Може таму да го насочиме вниманието. Ако сакаме тоа да биде професионално, тогаш мора да се воведе институција, постои во други земји, академија за уметности каде ќе можат да се образоваат млади луѓе да бидат костимографи, сцнераисти, куклари и се што е во тој дел од театарскарта работа, појасни Василев.

 

Додаде дека најдобро би било ако може да се воспостави соработка на млади луѓе уште на почеток на студирање на факултетите за лилкповна, драмска и музичка уметност,  да се договарат дека во текот на година заеднички ќе подготват  претстава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.