Петар Грашо со два концерта во Филхармонијата

Најголемата актуелна хрватска пејачка ѕвезда, Петар Грашо, по навистина долго време, ќе има свој солистички концерт и во Скопје.

 

Иако насекаде во регионот Петар Грашо настапува во најголемите сали, ние сепак се одлучивме да направиме два ексклузивни и интимни концерта во најубавиот простор во Скопје, Македонската филхармонија, информираат од „Авалон продукција“.

 

Концертите ќе се одржат на 13 и 14 декемвври со почеток во 20 часот, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 7 октомври, во 9 часот наутро, по цена од 1.500 денари, како и лимитиран број ВИП-влезници по цена од 2.000 ден.

 

Ова е навистина уникатна можност, човекот што ги има испеано хитовите „Ако те питају“, „Моје злато“, „Уторак“, „Ко нам брани“ и уште многу други, и во моментот претставува хрватска институција, да го видиме во интимен амбиент во Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.