Тркалезна маса за дилемите околу првиот македонски роман

„Улица“ од Славко Јаневски е објавена во 1950 година. 

 

Таа е првото поголемо прозно дело напишано на македонски јазик, со оглед на фактот дека романот „Село зад седумте јасени“ е објавен во 1952 година.

 

„Улица“ во македонската историја на културата се води како повест, но се' почести се гласовите дека станува збор за кус роман.

 

Токму поради овие дилеми, Фондацијата „Славко Јаневски“ утре, понеделник, 21 октомври, одржува тркалезна маса на тема „Зошто 'Улица' на Славко Јаневски е повест а не роман?“.

 

Тркалезната маса ќе се одржи во читалницата „Славко Јаневски“ со почеток во 10 часот. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.