Почнува 21. издание на фестивалот „Таксират“


Денеска со почеток на ПИН музичката конференција & шоукејс, во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје, почнува 21. издание на фестивалот „Таксират“, денови посветени на културата и уметноста.

 

Од 17 до 19 часот, во кино Фросина ќе се одржи панел насловен „Излажи ме!“, на која ќе учествуваат градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов и претставници од културниот сектор: Васил Ѓуроски, Теодора Василевиќ, Костадин Шурбановски, Симона Димковска и Небојша Вилиќ. Влезот е слободен.

 

Вечерта ќе биде музички збогатена со настапите на чешката џез-пијанистка Бара Змекова, српскиот артист Марко Луис и култните љубљанчани Боргезија, кои ќе настапат во Денсинг салата, почнувајќи од 20:45 часот.

 

ТУКА е програмата за панелите на ПИН конференцијата, како и целосната музичка програма за следните три дена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.