Пијанистот Арда Мустафаоглу примен на Универзитетот во Хамбург како прворангиран

Со максимален број на освоени поени, Арда Мустафаоглу е примен на студии на Факултетот за музика и театар на Универзитетот во Хамбург кој е еден од педесетте највисоко рангирани светски универзитети од областа на уметностите.

Интензивните подготовки со проф. д-р. Милица Шкариќ, придонесоа Арда да се претстави со извонредна изведба на делата во двете етапи на приемниот испит пред Комисијата составена од врвни светски пијанисти.

Арда Мустафаоглу е единствениот примен студент во прва година кој ќе студира во класата по пијано на една од најдобрите концертни пијанисти на денешницата Ана Виницкаја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.