Нови серии на МТМ, Кум со македонски актери од недела, наскоро и Јаничарот (ВИДЕО)

В недела во вечерните часови очекувајте ја руската серија Кум, базирана на вистинската животна приказна на еден руски доктор и неговата хумана мисија во Косово за време на конфликтот.

Главната улога ја толкува рускиот актер и режисер Сергеј Пускепалис, а се појавуваат и други познати актери, како Андреј Смољаков (актуелен по светскиот хит „Падот на Сталинград“), литванската актерка Северија Јанаушаускаите, Андрис Пауљевичус, канадскиот актер Тимоти Сел…

Во македонската актерска екипа се Ирена Ристиќ, Звездана Ангеловска, Мето Јовановски, Дејан Лилиќ, Џевдет Јашари, Тони Михајловски, Сашко Коцев, Висар Вишка, како и младите Наталија Теодосиева, Влатко Илиевски, Мартина Тапарчевска, Стефан Вујисиќ, Емра Куртишова

 

ТВ МТМ - ПРВА СКОПСКА започна со емитување на епизодите од двете сезони на серијата Хотел Русија, во кои се запознаваме со Ксенија (Екатарина Вилкова), администратор на хотелот „Русија“. Оваа дама е одговорна за приемот и удобноста на гостите, поточно - членовите на советската елита, криминалните водачи и странците на високо ниво.

Бидејќи трката за моќ е присутна секој ден во овој мистериозен хотел, на Ксенија не и е лесно да остане настрана. Присуството на Мануел од Никарагва  (Иван Босилчиќ), кој купува оружје за да ја преземе власта во својата земја, ја отежнува позицијата на главната хероина.

Поради тоа, оваа дама ќе биде во страшни искушенија, што ќе ја натераат да донесе многу тешки одлуки...

 

Адмирал е руска воена и историска драма со елементи на романса.

Филмот, кој ги следи последните години од животот на рускиот вице-адмирал и подоцнежен лидер на Белата армија Александар Колчак, се провлекува низ историските настани во Русија од почетокот на 19 век и романтичната приказна за главниот актер со поетесата Ана Тимириева.

Сценариото е напишано од Владимир Валучки и Зоја Кудрја, а режисер е Андреј Кравчук.

Со буџет од над 20 милиони долари, „Адмирал“ е еден од најскапите руски филмови во историјата.

Кравчук го опиша овој филм со зборовите: „Ова е филм за човек кој покажува дека активно создава историја, човек кој продолжува да се бори и покрај превирањата, човек кој ја чува својата чест и достоинство, човек кој продолжува да сака.„

Поради големиот успех на филмот, на крајот на 2009 година беше направена сериска верзија од 10 епизоди во траење од по 48 минути, кои премиерно ги емитуваме на ТВ МТМ - ПРВА СКОПСКА секоја сабота во 21:00 часот.

Главните улоги ги толкуваат Константин Хабенски и Јелисавета Бојарска.

 

Тајните на младите благороднички гледајте секој работен ден на ТВ МТМ - ПРВА СКОПСКА во 16:50 и 21:55 часот.

Серијата го следи животот на студентките на Институтот за благороднички. Настаните се сместени во втората половина на 19 век.

Сите девојки сонуваат да стапат во брак, но патот до среќата е трнлив... Љубовта на Софија и Владимир има најмногу пречки, но ќе видиме дали ќе се изборат за својата љубов и што ќе се случи?

Тајните на младите благороднички е руска серија, снимена во текот на 2010 и 2011 година. Заради големиот успех, се снимаше втората сезона на серијата, но главниот актер Александар Арсентјев беше заменет со актерот Сергеј Астахов. Снимена е и мини-серија со пет епизоди „Временска јамка“, што не е директно продолжение на серијата, но во неа се појавуваат некои ликови од првиот и вториот дел од серијата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.