Нора Шаќири нов в.д. директор на Театар Комедија

Нора Шаќири Марковиќ е именувана за в.д. директор на Театар Комедија, откако Министерството за култура го разреши Сашо Ристовски од оваа функција.

„Поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија. При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734.486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура“, соопшти Министерството за култура.

До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, од таму соопштија дека за в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.