Министерство за култура: Со наменските сметки се добива попрецизно следење на трансакциите

Министерството за култура, за корисниците кои ги склучуваат договорите за поддржаните проекти на Годишните конкурси за 2021 година, појаснува дека во договорите за учество на Министерството за култура во финансирањето на проекти од национален интерес во културата е содржана нова обврска – корисниците да отворат посебна наменска сметка преку која ќе се реализираат сите трансакции поврзани со поддржаниот проект.

Од Министерството наведуваат дека наменската сметка овозможува прецизно и законито следење на користењето на буџетските средства и е во насока на отчетно работење на корисниците при реализација на проектите.

Отворањето на наменската смека е задолжитено само за правните лица, а не и за физичките лица, кои се корисници на буџетските средства.

„Министерството за култура е должно континуирано да ја следи финансиската реализација на секој проект поддржан на Годишните конкурси и да врши контрола над законитото, наменското и економичното користење на средствата Министерството за култура изразува уверување дека дефинирањето на попрецизни обврски во делот на следењето на финансиските трансакации во голем дел ќе придонесе за поефикасна реализација на проектите поддржани во Годишната програма“, се наведува во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.