Доделени наградите на фестивалот за краток филм „Филмај“

Објавени се добитниците на наградите од конкурсот за Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021“ – Куманово.  Трочленото жири во состав: Лидија Мојсовска (режисер/ сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф) одлучи да ги додели следниве награди:

– награда `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија за Azadeh Moussavi за режирање на филмот ‘The Visit’ (Иран).

– награда `Радислав Ристевски` за најдобра фотографија/кинематографија за Pieter-Jan Claessens за неговата работа во филмот `Da Yie` (Гана).

– награда `Козјак` за најдобро сценарио за Ali Asgari и Farnoosh Samadi за филмот `Witness` (Иран).

– награда за најдобар домашен (македонски) филм за `Неонски срца` (режија: Ана Јакимска).

Организаторот дополнително ќе ја објави листата со официјално одбраните филмови за прикажување на фестивалот.

Со оглед на моменталните безбедносни и здравствени услови, фестивалската вечер (првично замислена да се случи при крај на мај) е планирана да се случи во септември 2021.

Оваа одлука е заснована на искрена желба и страст на организаторот да овозможи потполно кино фестивалско искуство – со бројна публика присутна во проекциона сала





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.