Почина стрип-генијот Кентаро Миура, автор на манга-серијата „Берсерк“

Јапонскиот стрип-автор Кентаро Миура, автор на манга-серијата „Берсерк“, почина на 54-годишна возраст во Јапонија. Причината за смртта е срцев удар.

Миура е најпознат по неговата серија „Берсерк“, која ја почна во 1989 година и која во продолженија излегуваше цели 32 години. За тоа време, беа продадени над педесет милиони примероци и се смета за најуспешна јапонска манга (стрип) серија.

Тажната вест за смртта на Мијура ја објави неговиот издавач Хакусенша.

 

Фановите ги преплавија социјалните мрежи  со објави дека жалат за неговата смрт. Тие посочуваат дека стрипот што Миура го црташе со децении им бил голема инспирација и дека веста за неговата смрт е тежок удар за нив.

 

Миура беше познат по виртуозниот стил на цртање, со многу детали, како и по сложената приказна и ликовите, поради што се здоби со голем број обожаватели, иако се соочуваше со обвинувања за прикажување експлицитни физичко и сексуално насилство во стриповите.

Според „Берсерк“ беа снимени три анимирани серии и беа направени популарни видеоигри за конзоли.

Серијата беше недовршена во времето на смртта на Миура и издавачот, засега, не даде информации дали друг автор ќе ја заврши.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.