Концерт на Филхармонијата и „Архангел“ во Градскиот парк

Tрадиционално, во соработка со Град Скопје, на 26 јули, во 21 часот, во Градскиот парк ќе се одржи концертот „Филхармонијата на отворено“.

„Оваа година концертот е посветен на музиката на еден од најзначајните македонски бендови - 'Архангел', во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен македонски бенд, со кој пораснаа многу генерации“, соопштија од Филхармонија.

Оркестрацијата на Емин ги следи авторските компоненти на песните, но оркестрацијата е целосно авторска и оригинална.

Џијан Емин е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и фронтменот на „Архангел“ - Ристо Вртев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.