Вечерва Македонскиот народен театар го отвора 55-от фестивал „Војдан Чернодрински“

„Мој термин“ е претставата со која Македонскиот народен театар годинава ќе го отвори 55-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Официјалната фестивалска програма, која со децении претставува селекција од најдобрите театарски продукции, ќе трае осум дена. Во натпреварувачкиот дел ќе учествуваат македонски театарски куќи вклучително и МНТ со претставата „Мој термин“ што ќе се одигра вечерва на 1 октомври во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

 

 

Пиесата е по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов. Со ова гостување, маестралната актерска игра на: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски станува сѐ подостапна и до фестивалската публика во регионот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.