Од коронавирус почина српскиот актер Марко Живиќ

Актерот Марко Живиќ почина денеска на 49-годишна возраст во Белград по тешка борба со коронавирусот.

Марко Живиќ ги помина последните денови во болница, на респиратор, и тој вторпат беше хоспитализиран поради коронавирусот, објави „Блиц“.

Првиот пат кога бил примен, неговата состојба се стабилизирала, па бил пуштен на домашно лекување, но симптомите одеднаш се влошиле.

„Блиц“ пишува дека на Живиќ му бил отстранет тумор во 2008 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.