Селектирани филмовите за ФИЛМАЈ 2022, фестивалот на краток филм во Куманово

Фото-кино клуб „Козјак” – Куманово нa 10 мај ја објави листата со официјално селектирани филмови за ФИЛМАЈ 2022 фестивалот на краток филм - Куманово.

Тоа се венецуелскиот `Импровизирана земја`, `Вистинските зборови` од Франција, италијанскиот `Свет син`, швајцарскиот `Натпревар`, блискоисточниот `Небески труби`, како и студентскиот документарен филм `Мачор` на авторката Тина Величковиќ. На фестивалот ќе се прикажат и селектираните филмови `Work It Class!` од Шпанија, австралискиот `Мајсторот` и `Сочувствување` (САД).

Фестивалската проекцијата ќе биде на 2 јуни 2022, во НУЦК "Tрајко Прокопиев" - Куманово.

Претходно, на 2 мај 2022, беа соопштени наградените филмови за ФИЛМАЈ 2022. Наградата `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија ја добива Самир Карахода за режирање на филмот 'Изместено' (Косово).

Владимир Самоиловски е добитник на наградата `Радислав Ристевски` за најдобра фотографија/кинематографија за неговата работа во македонскиот филм `Северен Пол`.

Авторот на сценариото за `Ангелос на Божиќ` (Грција), Фотис Зампетакис, е добитник на награда `Козјак` за најдобро сценарио. `Обичната Ели`, режиран од: Лавинија Софрониевска, е добитник на награда за најдобар домашен (македонски) филм. Новосоздадена `ФИЛМАЈ` награда за најдобар краток филм се доделува na `Самa` (Хрватска, во режија на Борна Зидариќ), според заедничка одлука на членови на фото-кино клуб `Козјак` - Куманово. Стручното жири на овогодишниот ФИЛМАЈ беше составено од три члена: Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер) и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“).

Информации и детали може да се следат на адресите: ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ , како и на ФБ-страна на настанот за ФИЛМАЈ 2022 .





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.