Меѓународна изложба „Без дистанца”

Меѓународна изложба на уметнички дела со наслов „Без дистанца” на македонски и бугарски академски ликовни уметници, ќе биде отворена на 18 октомври 2022 во Уметничка Галерија – Русе, Р Бугарија.

На изложбата ќе бидат изложени 40 дела, а ќе учествуваат 10 македонски и 10 бугарски академски уметници. Оваа изложба е заеднички проект во соработка помеѓу Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово и Уметничка Галерија – Русе, Р Бугарија. Изложбата која најпрвин ќе се отвори во градот Русe на 18.10.2022, планирано е да биде отворена и во Куманово во Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово на 18 ноември 2022 година.

Учесници на оваа изложба се академските уметници: Жаклина Глигориевска – Кочоска, Зоран Арсовски – Бабата, Иво Пецов, Марија Величковска, Марија Трпеска, Марјан Sингаров, Петра Јовановска, Симона Јакимовска, Трајче Блажевски, Фехим Хусковиќ, Валентин Георгиев, Виргинија Пенчева, Вјара Гунева, Георги Пасев, Гошо Георгиев, Златка Стојкова, Ива Станева, Ирена Парашкевова, Красимира Кирилова и Танја Пасева.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.