Промоција на романот „Писмо за Глорија“

Во среда (01 март) со почеток во 20 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на романот „Писмо за Глроија“ од Живко Грозданоски, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Промоторка ќе биде писателката Фросина Пармаковска, која низ разговор со авторот ќе им ја претстави и доближи книгата на читателите.
 
Наградуваниот роман „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак ќе биде претставен со онлајн-промоција на 28 февруари (вторник), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“.
 

Романтичниот балет „Жизел“ на репертоарот на МОБ

Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 февруари и 2 март со почеток во 20 часот.
 
Во Музејот на современата уметност – Скопје на 1 март во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Петар Лубарда.
 

„Кајмак“ на Манчевски има европска премиера

Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ќе има европска фестивалска премиера во иста недела на два реномирани фестивали.
 
Овој четврток, со почеток во 20 часот ќе се одржи концертот насловен „Седеф“ на кој ќе биде изведена авторска музика од британскиот композитор и пијанист Роџер Ино. На концертот премиерно ќе биде прозвучи нова музика во аранжмани и оркестрација на Џијан Емин, кој ќе застане и зад пултот како диригент. Концертот има мултимедијален карактер и освен музика, ќе биде надополнет и со моќни визуелизации, поезија, филм…
 
„Жесток и подмолен удар врз македонското издаваштво“ е најкраткиот опис на резултатите за проектите поддржани во рамките на годишната програма на Министерството за култура за 2023 година. Наместо да се поддржува, со ваквата годишна програма се замелушува целокупната издавачка продукција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
В сабота, на 18 февруари со почеток во 19 часот, во Младинскиот културен центар ќе се одржи хуманитарен настан насловен „МКЦ е Солидарност!” за помош на настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.
 
Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија одржа вонреден состанок во врска со резултатите од Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од културата за 2023 година.
 
Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените.
 
Македонскиот режисер Милчо Манчевски неделава е во фокусот на Државниот универзитет во Аризона, САД. Манчевски ќе одржи серија мастеркласи и предавање, а се прикажуваат и неговите филмови „Пред дождот“, „Мајки“ и „Бикини Мун“.
 
Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ ja освои 11-та филмска награда на 10-то издание за ,,Независни женски филмски награди од Лос Анџелес” (LA Independent Women Film Awards).
 
Филмот за култниот документарист Љубе Цветановски е достапен на , по повод 10-годишнината од смртта. Режисер на филмот е неговиот син, Гоце Цветановски.
 
На 4 февруари 2023, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи концерт на нашиот тенор Благој Нацоски со наслов „Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“.
 
На 1 февруари, 2023 (среда), со претставата „Зрното грашок и принцезата“, актерскиот тандем Изабела Новотни и Владимир Лазовски, ќе го одбележат тридеценискиот јубилеј од нивната плодна кариера како првовработени актери во ансамблот на НУ Театар за деца и младинци – Скопје (ТМД).
 
Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и Балет, в среда, 1 февруари 2023, со почеток во 20 часот.
 
Утревечер, на 1 февруари, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје предавање и перформанс ќе одржи британската уметница Дилејн Ле Бас. Разговорот ќе го води уметникот Никола Узуновски.
 
Финалето на кинотечната програма во јануари е во знакот на македонските (ко)продукции СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА, дебитантски игран филм на Кристијан Ристески, НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ на Теона Стругар Митевска и ОД РАЈОТ на Срѓан Драгојевиќ.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.