Нов обид да ѝ се суди на кумановката Филиповиќ која го прегази дедото во Скопје

Нов обид да започне судењето за од сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“ каде загина 76-годшниот Слободан Ангеловски, ќе има денеска во Кривичниот суд. Откако првото рочиште се одложи, по половина месец, на обвинителна клупа повторно седнува возачот Гордана Филиповиќ која го управуваше возилото „БМВ Х5“. Таа е и мајка на кумановката Јелена која имаше 17 години, а пред три години загина во сообраќајна несреќа.

Овој предмет го суди судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, која претходно донесе осудителни пресуди за убиството на Денис Тот.

Претходното рочиште за сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“ која се случи пред девет месеци се одложи бидејќи адвокатот на обвинетата Филиповиќ беше на друго, поважно судење. До Кривичниот суд е доставено и сообраќајно вештачење од Филиповиќ, кое треба да послужи како нејзина одбрана во процесот.

На денешното рочиште ќе се одреди динамиката на судењата и ќе се закажат нови расправи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.