(Видео) Ковачки до Пендаровски: Оставка веднаш!

„Во текот на вчерашниот ден целата македонска јавност беше сведок на трулоста на системот воден од ДУИ и СДС. Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски со години ги злоупотребуваат трагичните судбини на болните од цистична фиброза ветувајќи им лек, се сликаа со нив, ги користеа за себепромоција и на крај ги оставија без нужниот медицински третман, резултат е починат наш сограѓанин на кого Стево Пендаровски лично му ветуваше помош“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

 

 

Ковачки посочи дека „после неколку години чекање за набавка на лек и организирање на протести со молење за помош за спас, Власта остана одлепена од реалноста и со игнорантскиот однос уште еднаш докажа дека е глува на барањата на своите граѓани.

„Големата желба за лична промоција, како и отсуството на одговорност кај претседателот на државата Стево Пендаровски, не им помогна на луѓето што бараа негова помош, иако истата тој им ја вети. Токму на примерот на односот на власта и на носителите на највисоките државни функции кон поедини граѓани, се гледа колку е распаднат системот и колку тој не функционира. Оваа влада, само за оваа година ќе потроши 5.3 милијарди евра и секојдневно се задолжува за да се луксузира со нови возила, скапи гозби по ресторани, а нема ниту желба ниту се способни да набават лек што е достапен во сите држави, освен во Македонија и Косово“ порача Ковачки.

„Оставки и одговорност. Стево Пендаровски, биди доблесен и поднеси оставка веднаш“ порача тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.