Одбраната трета година по ред на врвот во активна транспарентност: поставивме златен стандард од кој не отстапуваме

Министерството за одбрана уште еднаш ја потврди својата максимална отвореност, но и транспарентност кон граѓаните. И оваа, како и претходните две години, одбраната е лидер во активната транспаранентост, повторно со исполнети 100 % од предвидените критериуми за активна транспарентност според мерењето на Центарот за граѓански комуникации, информираат од оваа институција.

Изминативе години, како што дополнуваат, процесот на активна транспарентност во Министерството беше поставен и формално, со носењето на правилникот за транспарентност во Министерството за одбрана, кој ги утврди сите информации кои се јавно достапни, воспостави ефикасен процес на ажурирање на податоците и воведе нови правила за лесна достапност на овие информации за сите граѓани.

„Одбраната постави и нова веб-страница со линија за транспарентност, која стана наш златен стандард од кој не отстапуваме. За Министерството, останува исклучително важен процесот на информирање во односот на инвестирањето во безбедноста – одбранбениот буџет, јавните набавки и процесот на модернизација. Посветеноста кон активната транспарентност продолжува и во иднина преку постојно следење и имплементирање на сите новини во делот на транспарентноста како основа за целосна информираност на граѓаните за сите процеси во одбраната“, посочуваат од Министерството за одбрана.

Министерството, појаснуваат, направи исклучителни чекори напред во активната транспарентност имајќи предвид дека на првото мерење во 2016 година го зазедовме 45. место. За само неколку години, прецизираат во информацијата, во 2020, одбраната се искачи на првото место со 97,9 %, а од 2021 година го зазеде првото место со максимални 100 % исполнетост на критериумите.

Според МО, под активна транспарентност се подразбира објавување информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.