Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне на места облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локален дожд, а на планините појава на краткотраен снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

Следува период на сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локални врнежи. Во следните два дена дневната температура ќе биде во благ пораст, а потоа за време на викендот во опаѓање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.