Османи: Северна Македонија е коспонзор на Резолуција за геноцидот во Сребреница

Северна Македонија е коспонзор, заедно со Германија, САД и други држави, на Резолуција во Обединетите Нации за прогласување на 11-ти јули како Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница, БиХ во 1995 година, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, додавајќи дека овој датум ќе се одбележува секоја година.

За резолуцијата, како што рече Османи, ќе се гласа на 2 мај.

Тој ја повика Србија да ја изгласа резолуцијата со цел, како што рече, фактите да бидат признаени.

„Сите одлуки на меѓународните судови и тела покажуваат дека во Сребреница е случен геноцид. Се додека се одрекува, можноста да се повтори е веројатна. Затоа ја повикувам Србија да ја изгласа оваа резолуција, но се разбира ги повикувам сите земји членки на ОН“, рече Османи.

Тој додаде дека не мисли оти односите со било која земја можат да бидат нарушени бидејќи, како што рече, осудуваме геноцид и бараме да се одбележи убивањето на над 8.000 цивили.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.