МНР реагирало до Европскиот Парламент за северномакедонска влада: „Грешката е коригирана“

Министерството за надворешни работи објави дека реагирало до Европскиот Парламент за употребата на „северномакедонска“ на официјалната интернет-страница.

Од МНР велат дека континуирано укажуваат на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Северна Македонија.

„Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации. Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш коригирана“, велат од МНР.

На официјалната интернет-страница на Европскиот парламент пишуваше „северномакедонската“ влада предводена од премиерот Талат Џафери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.