Двајца загинати во сообраќајката на патот Штип-Кочани

На 20.04.2024 во 14.23 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода рапид” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(66) од Скопје и патничко моторно возило „пежо 206″ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Н.(40) од Кочани.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на возилото „пежо“ и Л.Д.(64) од Скопје, сопатничка во возилото шкода, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Штип.

Возачот Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увидот на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Штип.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.