(Видео) Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на патот Берово – Струмица, Берово – Виница, Берово – Пехчево – Делчево и 5,5 милиони евра за општината

„800 милиони евра директна помош за нашите земјоделци, за нашите сточари. 800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово“, рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

 

 

„Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај. Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево.

На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија“, изјави Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.