Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

„На неколку места се појавија технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стариот начин со УВ-ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, Куманово, Тетово и во Гази Баба.

Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право и само три од нив се одбиени.

Во однос на одѕивот на парламентарните избори, до 9 часот, по обработените податоци од 1.033 избирачки места, гласале 4,45 %. Според податоците на ДИК, најголем одѕив има во Пробиштип, а најмал за парламентарните има во Боговиње (1,43 %).

Во Македонија утрово почнаа парламентарните избори и вториот круг од претседателските.

Избирачките места, од кои вкупно 3.480 беа отворени во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.