ДИК: Два приговори за заштита на личното избирачко право за ИМ 1470 во Долнени

До 11 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 743 односно 16.46%, извести ДИК.

Во ИМ 2101 во Желино гласале 205 гласачи односно 20.64%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 87 гласачи односно 18.55 %.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 35 гласачи односно 11.74 %.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 156 гласачи односно 21.94 %.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 83 гласачи односно 12.61 %.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 31 гласач односно 4.91%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 146 гласачи односно 19.39 %.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 11 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 5.35% на овие избирачки места, информира ДИК.

До Државната изборна комисија се пристигнати два приговори за заштита на личното избирачко право за ИМ 1470 во Долнени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.