„Во сообраќајна несреќа при судир на камионите кои носат увозен јаглен на омилената фирма на белорускиот конзул загина човек“, вели Николоски

„Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола! Целта е да се искраде што сѐ може на заминување!Тендери се штанцаат на дневна основа, нормално за омилената фирма на белорускиот конзул!“, напиша Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи.

„Исто така дневно десетици камиони носат увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон РЕК Битола.

Во сообраќајна несреќа при судир на еден од тие камиони со трактор, еден човек го загуби животот. Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола!

Утре – Понеделник 27-ми мај од 10 часот се случува уште еден таков протест! Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка!

А, за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат соодветни постапки за расчистување! Криминалците ќе одговараат!“, пишува во фејсбук објавата на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.