Сончево и топло време со мала облачност

Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степен.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно време и дневната температура ќе биде во пораст. На почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилен и се потопол период.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.