Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.

Пожарот на отворено, кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово поради што за гаснење беше вклучен еден полициски хеликоптер.

Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи брзо вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи дој селото Сушево, Струмичко..

Полнењето вода и дејствувањето по пожарот храбрите пилоти на МВР го извршуваат во интервал од три до пет минути, информираа од Центарот за управување со кризи.

На терен се екипи на струмичката Територијална противпожарна единица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.