Почнува силен топлотен бран, Македонија следната недела ќе се „вари“ на плус 40

Се враќа многу топлото време во Македонија.

Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, највисоката измеренa температурa во 14 часот е 34°C во Демир Капија и Дојран.

Следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени, информира УХМР.

Мерки за лична заштита
– Да не се излегува директно на сонце во најтоплиот дел од денот
– Облеката треба да биде лесна и со светла боја
– Пиење поголема количина течности во текот на денот, без разлика на нивото на физичка активност
– Доколку се работи за повозрасна популација или за невработени, потешките домашни работи треба да се вршат во постудената половина од денот (наутро, навечер)
– Посебно внимание треба да се посвети на одржувањето на личната хигиена, а потоа и на хигиенските услови при миењето на овошјето и зеленчукот, како и на самата подготовка на храната.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.