Македонија има свои симболи и сите треба да ги почитуваме, рече министерката за образование Јаневска

Државата има свои симболи – химна, знаме, а јас би рекла и заеднички јазик кој треба да биде средство за комуникација и подобро разбирање.

За жал, ни се случува деца да не можат да се разберат меѓу себе. А ако не се разбираат, тогаш не можат да споделуваат заеднички живот, заеднички радости, успеси, па и заедничка тага. Тоа не треба да биде така, одговори министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на прашањето дали е исправна одлуката на советот на општина Велес за наставата во училиштата од први септември да започнува со интонирање на македонската химна.

„Македонија е држава на македонскиот народ и на сите други етникуми кои живеат тука. Интенцијата на Владата е сите да сме рамноправни и да ја чувствуваме како своја земја. Апелирам, наместо поединци да се занимаваат со работи кои можеби некого
иритираат или повредуваат, да направиме консензус и заеднички да работиме за подобро образование, здравство, економија, туризам и така натаму“, рече Јаневска.

Додаде дека деновиве ја потпишува исплатата на финансиската поддршка која ја вети претходната Влада, а од непознати причини не ја исплатила и дека е вчудовидена од тоа колку семејства со ниски приходи под просечната плата има во државата. „Да ги стимулираме децата да учат и да немаат потреба од ваква помош. Кога ќе пораснат, со својот труд и знаење да си обезбедат пристоен живот. Ова треба да ни
биде вистинскиот фокус“, додаде министерката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.