Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа, да не станеме Лас Вегас на Балканот, посочи Изет Меџити

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, посочи дека со новата Влада работат на нов закон за казината и игрите на среќа сѐ со цел економски подобро да се развие земјата.

 

„Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа, кој ќе биде многу поригорозен бидејќи сакаме оваа држава да се развие економски, а не да стане Лас Вегас на Балканот“, посочи Меџити.

 

Меџити истакна и дека со нивното доаѓање на власт нема да се зголеми бројот на казината и обложувалниците.

 

„Ние не зедовме ниту директорско ниту заменичко место, како ни член на управен одбор на дирекцијата за игри за среќа на Лотарија на Македонија. Тоа беше првиот чекор, вториот чекор е нашата парламентарна група заедно со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, бараме автентично толкување на законот. Владата веќе донесе таков став, чекаме и Собранието тоа да го потврди и ако го потврди, во тој случај петте концесии за онлајн-казино ќе стапат во сила. Нормално, и тој што ги донел тие закони треба да одговара“, додаде Меџити.

 

За него, важно е што казината ќе бидат далеку од децата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.