Дачиќ бара објаснување од македонските власти: „Бегството на терористот Рамадани е скандалозно“

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека е скандалозно бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Северна Македонија, соопшти тамошното министерство.

 

„Станува збор за припадник на терористичката ОВК, кој извршил злосторства врз Србите на Косово и Метохија и кого Србија го бара за да му суди. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој, кој е уапсен по наша меѓународна потерница, да побегне од домашен притвор Или меѓународната правда не важи за албанските терористи и воени злосторници, кога убиваат Срби, сѐ е дозволено и простено“, рече Дачиќ.

 

Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше уапсен во Македонија по потерница на Интерпол по барање на Србија, избега од домашен притвор од куќата на роднина.

 

Рамадани беше уапсен врз основа на меѓународна потерница од Интерпол издадена од Србија на 17 јули на граничниот премин Јајинце и однесен во затворот во Шуто Оризари на 30-дневен екстрадиционен притвор.

 

Надлежниот македонски суд на 1 август му ја преиначи казната на Рамадани од притвор во куќен притвор и според решението тој беше испратен на адреса во Скопје, а според тоа решение требаше да остане во куќен притвор до 16 август.

 

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, при посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули побара од скопските власти да го екстрадираат Рамадани во Србија.

 

Македонскиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги отфрли обвинувањата на опозицискиот СДСМ против него поради бегството на Рамадани и оцени дека се работи за манипулација на јавноста и обид да се добијат помали политички поени. Рече дека вистинското прашање е зошто судот одлучил да го стави во домашен притвор наместо ефективен притвор. Тврди дека во случајот Министерството постапило во согласност со законот и максимално професионално.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.