СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на двојните директори во Царината сакаат да воведат уште еден, втор заменик-директор, си измислуваат позиции

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ветуваа намалување на заменичките места, на двојните директори а во Царина сакаат да воведат уште еден, втор заменик директор, велат од СДСМ.

 

„Ете такви законски измени предлагаат ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието. Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па си измислуваат позиции заменик на заменик директор. Досега вакво нешто е невидено ниту чуено, Царина да има директор, заменик директор и уште еден, втор заменик директор. Кого ќе заменува вториот заменик во Царина? Директорот, заменикот директор или самиот себе? Очигледно гладни се коалициските партнери на ВМРО ДПМНЕ па освен ВЛЕН треба да има заменик и за ЗНАМ. Наспроти бомбастичните најави за рационалност и намалување на позициите власта штанца директорски позиции само заради задоволување на партиските апетити. Нема пари за плати на работниците ама има пари за нови измислени позиции?“, посочуваат одпартиајта и додаваат:

 

„Бараме ВМРО ДПМНЕ да го повлече катастрофалниот Закон во Собрание“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.