Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Вчера на автопатот Куманово – Скопје и на наплатната рампа Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на два автобуси со кочански и гостиварски регистарски ознаки, сопственост на превозни претпријатија, а управувани од И.А.(39) и С.А.(36).

При контролата било утврдено дека возачките картички вметнати во тахографите не биле во сопственост на возачите кои ги управувале автобусите. За настаните е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителите на правните лица по член 23 став 5, а казниво по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од по 7.500 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.