Мицкоски: Нема повеќе турканици, неред и понижување на македонските граѓани, издавањето на патните исправи и на личните документи е под контрола

Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и е во законскиот рок од 15 дена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

 

„Можам со задоволство да кажам дека нередот што беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамките на законските 15 дена граѓаните може да ги добијат патните документи, патните исправи и другите лични документи. Од информациите што ги добивам од МВР, околу 1.740 патни исправи се издадени, речиси 1.440 лични карти и приближно 750.000 возачки дозволи, така што нема повеќе турканици, нема повеќе неред, нема повеќе понижување на македонските граѓани“, рече Мицкоски.

 

Додаде дека тоа е уште еден доказ оти не се сите исти, а оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.