„Откако родителите набавија школски прибор, Мицкоски ќе ги замрзнувал цените на моливите“, реагира СДСМ

„Мицкоски со денешната изјава дека на утрешната седница на Владата ќе се разгледувала можност за замрзување на цените на школските прибори, потврди дека е целосно одлепен од реалноста и си поигрува со граѓаните. Дали Мицкоски знае дека е почната школската година и дека родителите веќе ги набавија сите потребни материјали и прибор за своите деца“, реагира СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

 

„Не е за верување обидот на Мицкоски да ги изманипулира родителите дека ете Владата нешто ќе помогне за учениците. Платите не ги покачува, цените на прехрамбените производи не ги замрзува, но ќе ги замрзен цените на школскиот прибор кој е веќе набавен од мнозинството ученици и родители. Ова е потсмевање на маката на родителите и ништо друго.

 

Додека соседните Србија и Црна Гора ги замрзнаа цените на прехрамбените производи, Мицкоски го уништува стандардот на граѓантие за да им угоди на компаниите. Не е ни чудо што наши сограѓани веќе патуваат за Србија за да набават основни производи за прехрана. ВМРО-ДПМНЕ секој ден докажува дека економската состојба и стандардот на граѓаните само ќе се влошуваат од ден во ден“, се додава во реакцијата на СДСМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.