Мицкоски: К15 ќе се исплаќа на крајот на ноември или почетокот на декември

Иако во основниот буџет не беа, во ребалансот на буџетотот се предвидени милијарда денари за исплата на К15, секако и за наставниците, која е законска обврска на сите работодавци, рече премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

 

„Речиси 83-84 илјади вработени, чиј работодавец е Владата, ќе добијат К15 на крајот на ноември или почетокот на декември“, рече тој.

 

Мицкоски додаде дека во согласност со законот потребни се минимум шест месеци работен стаж за да се оствари правото на К15 и посочи дека исплата по тој основ ќе им се овозможи на поголем број граѓани, кои во меѓувреме ќе се стекнат со работно место.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.