Сончево и топло со променлива облачност

Времето денеска ќе биде Сончево и топло со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Денеска претежно во западните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. Потоа следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.