Штипјанец со возило излетал од коловоз, со тешки повреди пренесен во Клиничката болница во Штип

Денеска во 00.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, на клучката Штип – Велес кон село Кадрифаково, патничко возило „даеву ланос“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот В.М. од Штип излетало надвор од коловозот, извести МВР.

 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип“, соопшти МВР.

 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.