Исчезна девојка од Непал, која работела во хотел во Охрид

Дваесет и петгодишна девојка од Непал, која работела во хотел во Охрид, го напуштила домот во кој престојувала.

 

„На 3 септември, во 12 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Д. Д. М. (25) од Непал го напуштила домот во кој престојувала во Охрид и не се појавила на работното место во хотел во Охрид, каде што претходно остварила договор за вработување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираа од СВР Охрид.

 

Како што неодамна објави „Макфакс“, полицискиот билтен секојдневно го полнат случаи поврзани со Непалци – вработени во македонски фирми, кои исчезнуваат, а за кои се претпоставува дека од тука заминуваат на работа во европските држави.

 

Засега нема информации за Непалци што биле најдени, а според полицисиките извештаи, десетици исчезнуваат секој месец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.