Дождовите не го намалија бројот на пожари на отворено

„И покрај падот на температурата за околу 15 степени и дождовите што заврнаа, бројот на пожари и интервенции на отворен простор воопшто не се намалени. За жал се уште сме сведоци на неодговорно и несовесно однесување на група граѓани“, информираа од ТППЕ Струмица, откако во изминатите три денови гаснеа четири пожари на отворено.

Како што информираа струмичките пожарникари, вчера на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ била запалена помошна просторија.

Спречено е ширење на пожарот на куќата и поголема материјална штета, а во 13:00 часот во атарот на село Вељуса била запалена нискостеблеста шума и сува трева.

Запалена била и нискостеблеста шума и сува трева во атарот на село Рич и нискостеблеста и борова шума во близина на браната „Водоча“. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.