Мицкоски за фотографирањето без македонско знаме: Денеска ќе биде врачена протесна нота на амбасадорот на Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски, го коментираше неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот колега Румен Радев. Рече дека денеска ќе биде врачен демарш на амбасадорот на Бугарија.

 

„Во минатото кога се понижуваше и распродаваше достоинството македонско тогаш се молчеше, се виткаше кичма и се соблазнуваа со тие кои не понижуваа и газеа. Сега  дипломатски се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме политика меѓународна или пак дипломатска со свиткана кичма, тогаш кога ќе се помине црвената линија тогаш треба и да се реагира, затоа што ако не реагирате, тој исклучок понатаму ќе стане пракса. Она што е поважно за мене, Европа и светот можеа да видат на отворена сцена, тоа го очекувавме, кои се вистинските намери на водството во Софија. Не се вистинските намери бугари во устав, тоа е најмалиот проблем, многу е поголема потребата да покажат мускули и да ги покажат своитее вистински намери. Онојпат кога ќе видиме дека се поминати црвените линии тогаш ќе мораме да интервенираме и денеска тој демарш ќе биде врачен на амбасадорот на нашиот источен сосед“, посочи Мицкоски.

 

За тоа кога ќе продолжат разговорите со бугарските историчари Мицкоски очекува во духот на пријателството и добрососедството објективно да се преговара и да се договара.

 

„Тоа се процеси кои траат со децении, имаме такви примери во Европа, така што секое избрзано решение произведува избрзани одлуки, а тие избрзани одлуки можат да бидат погрешни. Затоа очекувам во еден добрососедски дух, членовите на комисиите од двете страни да разговарааат“, истакна премиерот Мицкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.