„Очигледно и на бугарската политика не им недостасува демагогија“: Георгиевски со реакција на бугарската министерка за Коридорот 8

Преку статус на социјалните мрежи, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека тунелот од бугарска страна на Коридорот 8 ќе биде целосно завршен најдоцна до 2030 година.

 

„Ја слушам министерката за транспорт на Бугарија. Нивните 2.7 километри од пругата за Коридорот 8, ќе ги доправеле “најдоцна до 2030”!?! Инаку сега сме 2024. Очигледно и на бугарската политика не им недостасува демагогија“, напиша Георгиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.