Филипче му ја честиташе победата на Трамп: Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија ќе се продлабочи
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 06 Ноември 2024
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче му ја честиташе победата на Претседателот на САД, Доналнд Трамп.
– Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, му ја честитам победата на изборите на Претседателот на САД, Доналд Трамп.
Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и верувам дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба, вели претседателот Филипче.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс